„СпортСпорт“ во Малта, Игор Д. Ивановски
Многу наши гастрабајтери има на Малта во последниве неколку години кои еве дочекаа на „нивна„ територија да гостува и нивниот национален тим – Македонија.
Утрешниот дуел во Ла Валета нема некое посебно значење за домашната селекција која се надева на првите бодови во квалификациите. Интересот е далеку под оној кој владее на островот за дуелите со Англија и Италија.
Затоа нашинците се очекува да бидат бројни на „Та Квали“, кој има капацитет 17.000 гледачи од кои 4.000 се понудени на ФФМ за навивачите кои сакаа да ја бодрат Македонија. Цената е 8 евра, а нашинците веќе знаат каде ќе се собираат. Тоа се двата ресторанти „Гурмет“ во Гзира и Слиема кои се во сопственост на Македонци и кои имаат добро реноме тука на Матла.
Ќе се прави добар гурмет пред мечот, а после организирани на стадион каде Македонија оди во лов на трите бода.
Мерак на сите наши фанови им направија одличните 1:1 на нашите фудбалери од пред некој ден и пресметката со Италија во Скопје. Фудбалерите и стручниот штаб едно треба да знаат: Навивачите се секогаш и секаде со фудбалерите а има и такви кои вчера со летот Скопје – Валета пристигнаа на Малта.
Бројка од 2 до 3 илјади наши навивачи се очекуваат на утрешниот квалификациски натпревар