Новак Ѓоковиќ ја освои својата 24. Грен слем титула откако го победи Даниил Медведев во финалето на УС Опен во три сета, 6:3, 7:6(5), 6:3. Секоја освоена грен слем титула е историска бидејќи го соборува рекордот меѓу тенисерите по број на освоени на најсилни турнири, а овој 24-ти го прослави на посебен начин.
Откако го победи рускиот тенисер и трет носител на последниот Грен слем годинава, тој облече посебна маица со ликот на Коби Брајант. Трагично починатата НБА легенда беше негов голем пријател. Тој дел од кариерата го носеше бројот 24 во дресот на ЛА.
„Коби ми беше близок пријател. Често зборувавме за победничкиот менталитет кога ме мачеа повреди и кога се обидував да се вратам на највисокото ниво на играта. Тој беше еден од луѓето на кои најмногу можев да се потпрам“, Ѓоковиќ. рече и додаде:
“Тој секогаш беше тука за добронамерни совети и поддршка. Бев длабоко погоден од она што се случи пред неколку години со него и неговата ќерка. Се сетив дека го носеше дресот со број 24 во кој стана легенда на Лејкерс и светот на кошарка, па помислив дека ќе биде убава симболика да му одадам почит на овој начин“.
Novak hits 24 and pays tribute to the late Kobe Bryant 💙 pic.twitter.com/rDXVUvYe1Z
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023