Медведев до Ноле: Доста ти е, зошто уште си тука? Не знам кога планираш да успориш (ВИДЕО)

1228

Новак Ѓоковиќ му се реваншираше на Данил Медведев во финалето на УС Опен и стигна до 24. Грен слем титула во кариерата, израмнувајќи го апсолутниот рекорд на Маргарет Корт, која освои исто толку титули.

Ова беше петти пораз за Медведев во финалето на Грен слем и му остана само една титула, токму од Њујорк во 2021 година.

„Прво, би сакал да го прашам Новак што прави повеќе овде, ајде човече? Не знам кога планираш малку да успориш, верувам дека повеќе нема да играме толку финалиња. Наверојатно нема засекогаш да бидеш тука. Секоја чест за тебе, wow“, рече хумористичниот Медведев на теренот по поразот и продолжи:

„Се надевав дека ова ќе биде супер подарок за мојата сопруга за нејзината годишнина, но не успеав. Им благодарам на неа и на моите луѓе кои го години се со мене. Се надевам дека ова повторно ќе успееме да го повториме“.

ПретходноМора да има дисциплина: Кристијан Тасески отстранет од У21, Фетаи повикан на негово место
СледноУтринското кафе на терасата од хотелот “Вестин“: Италија е минато, фокусот е на Малта! (ФОТО)