Медиумите тврдат дека Јувентус се продава, сопствениците демантираат

131

Компанијата Ексор, дел од холдинг-компанијата на италијанското семејство Ањели, кое раководи со Јувентус, изјави дека не се точни информациите дека планира да го продаде фудбалскиот клуб.

Портпаролот на компанијата ги нарече пишувањата на медиумите „неосновани“, откако некои весници објавија дека холдингот ги смета неодамнешните финансиски резултати за нестабилни и дека е засрамен од тековните правни проблеми во клубот.

Јувентус, поранешниот претседател Андреа Ањели и 11 други лица би можеле да се соочат со судење откако против нив беше покрената кривична истрага поради наводи за лажно сметководство.

Во мај, Ројтерс објави дека претставниците на семејството Ањели се отворени за различни идеи за финансиската иднина на клубот.

ПретходноПоследна проверка пред утрешниот дуел со Малта (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноФантастичен Митревски – одбрани 17 удари на противникот!