Младата фудбалска репрезентација на Македонија го одработи последниот тренинг пред вториот квалификациски меч од циклусот за Европското првенство 2025. По фантастичниот старт на квалификациите со победа на гости кај Шведска, во Скопје доаѓа првиот фаворит во групата Холандија.
Младите репрезентативци и селекторот Канатларовски, видно мотивирани го очекуваат утрешниот дуел. Сите во еден глас најавуваат голема борба и желба за уште еден добар резултат.