Хрватскиот пикер Томислав Квастек и официјално е новото засилување во таборот на РК Прилеп за претстојната сезона. Квастек зад себе неколку успешни ангажмани во хрватски клубови, а своите полчетоци ги прави во тимот на Нексе. Во Прилеп доаѓа од унгарскиот клуб Будаи Фаркасок, тоа е неговиот последен ангажман.
Од раководството на РК Прилеп на својот нов ракометар, Томислав Квастем му посакуваат добри настапи во дресот на новиот клуб.