Сега навистина е крај: „Македонскиот Челзи“ со 20. засилување ова лето, Кварезма остана пуста желба!

2921

Пред околу две недели се прашувавме дали навистина Гостивар, кого го нарековме „Македонскиот Челзи“, има намера да застане со засилувањата, еве сега и дефинитивно мора, ако се знае дека до пред некој ден траеше летниот преоден рок во мак – фудбалот. Па Гостивар и да сакал или не сакал, мора да застане на таа бројка од 20 нови имиња или промоции колку што ги направи од јуни до завчера.

А завчера беше промовиран Ланре Кехинде од Нигерија, кој досега играл во Израел.

Инаку како што неофицијално дознаваме, раководството на Гостивар, поточно водечките луѓе на гостиварци му се јавувале на менаџерот на славниот Рикардо Кварезма, португалецот кој долго време играше во Турција, во Бешикташ и Касимпаша, и преку својата “турска врска“ сакале да го донесат во Македонија, во Гостивар. Легендарниот Португалец, кој има 39 години, бил запознат со понудата, се заблагодарил на истата, но рекол дека поради семејството не е во можност да ја прифати истата.

Исто така долго време се преговараше и со репрезентативецот Егзон Бејтулаи, до него беше испратена одлична понуда за наши услови, но сепак тој, барем засега, не дојде во Гостивар.

Сега да се вратиме на сите оние 20 нови имиња кој Гостивар ги промовираше ова лето како засилувања.

Тоа се:

Тоа се Гоба Закпа (БСК), Јаник Нкурунзиза (Бурунди), Мухамед Елмас (Работнички), Масааки Такахара (Јапонија), Ремзифаик Селмани (Партизани Тирана), Алпер Потук (Турција), Ибрахим Алхасан Адаму (Нигерија), Амир Билали (Сутјеска Никшиќ), Васко Василев (Рио Аве), Фатјон Јусуфи (Струга ТЛ), Михаил Маневски (Шкендија), Едиз Спахиу (Тиквеш), Анид Абази (Скопје), Џелил Абдула (Шкупи), Зехрудин Мехмедовиќ (Србија), Мустафа Мујезиновиќ (БиХ), Пепи Ѓорѓиев (Шкупи), Ангелче Тимовски (Шкупи), Ијаји Атиемвен (Нигерија) и Ланре Кехинде (Нигерија).

Ова досега не се случило во мак-фудбалот, Гостивар ги урна сите можно рекорди. И не е само бројката во прашање, туку и квалитетот на засилувањата.

Секоја чест за “Македонскиот Челзи“, сега уште тренерот Мурат Дабан да знае да си ја одработи својата работа ќе биде се ОК за гостиварци.

Претходно„Кориере“: Наполи одбил 30 милиони евра од Ливерпул за Елмас
СледноУрнебесно: Добро е што е тенисер а не пејач! Новак со ужасна изведба на песната “My way“ од Френк Синатра…(ВИДЕО)