Сите Балканци прочитаа што кажа Метју Меконахи по поенот на Ноле

5895

Новак Ѓоковиќ има многу пријатели од редот на познати светски ѕвезди. Не само од светот на спортот, туку општо. А една од нив е Метју Меконахи. Познатиот глумец финалето на УС Опен го проследи од вип ложата заедно со семејството на српскиот тенисер.

По завршувањето на финалето, Ноле веднаш се упати кон тој дел, а таму се прегна со својот голем пријател.

Еден детал се најде во центарот на вниманието. Камерите го снимија Меконахи откако Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:3, а тој стана да аплаудира и сите можеа да читаат од неговите усни кога рече: „Така е“.

 

ПретходноУтринското кафе на терасата од хотелот “Вестин“: Италија е минато, фокусот е на Малта! (ФОТО)
СледноЗапочна продажбата на билети за дуелот на У21 Македонија со Холандија!