Скок за Србљак од 39 места на АТП листата, Стоилковска напредуваше 33 позиции на ВТА!

144

По завршувањето на УС Опен дојде до промена на АТП листата секако и рангот на македонските тенисери кои се наоѓаат на неа. Најголем скок има Горазд Србљак, кому поенот од фјучрсот во Куршумлијска бања му е запишан и со вкупно 9 поени се наоѓа на 1092.место на листата.

Иако, има два поена помалку во однос на претходната ранг листа нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски се наоѓа на 328.место и во моментов има 160 поени.

Трет македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски, кои со своите 6 поени се наоѓа на 1213.место.

Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 635.место со 79 поени (два помалку) и има пад од десет позиции. Марковски со три поени помалку сега има 25 и има пад во конкуренција на двојки од 45 места – 1138.место. Кај Берк Бугариќ нема промена 1330.место со 16 поени, а Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2035.место (скок четири позиции) со три поени.

Новото рангирање на ВТА листата пак донесе и напредок на Магдалена Стоилковска. Таа сега со 6 поени се наоѓа на 1312.место и има скок од 33 позиции. Тоа се должи на поенот од Врљачка бања.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа истотака има подобар ранг и сега се наоѓа на 226.место  (скок за седум позиции) со 322 поени, но во конкуренција на двојки таа има пад од 20 места. Сега се наоѓа на 303.место со 255 поени.

Македонските тенисерки оваа недела ќе имаат настапи на „Триглав опен“ во Скопје, а нивниот настап почнува од утре.

ПретходноАларм на Малта! Столе на прегледи во Шпанија, Шишко утре почнува!
СледноУжасна вест за семејството Жижовиќ: Во сообраќајна несреќа загина таткото на новиот тренер на Шкупи!