Хрватска славеше во Ереван, Крамариќ човек на одлука

94

 

Репрезентацијата на Хрватска победи на гостувањето кај Ерменија со 0:1 во четвртиот натпревар од квалификациите за ЕП 2024. Единствениот гол го постигна Андреј Крамариќ во 14.минута и така Хрватите го зазедоа првото место во групата Д со 10 бодои, колку што има и Турција со тоа што Турците имаат и меч повеќе.

Модриќ нафрли од корнер, топката се одби од Мхртчајан и дојде до хрватскиот напаѓач кој ја смести во мрежата. По проверка преку ВАР снимка голот беше признат. Инаку Хрватите имаа многу шанси на овој меч, но на крајот пресуди единствениот гол во 14.минута.

Инаку ова е втор меѓусебен дуел, првиот во јуни 2021 година, пријателски одигран во Велика Горица заврши 1:1.

ПретходноПандева се врати од Италија и повторно ќе заигра за Струмица
СледноПогба позитивен на допинг тест – му се заканува долгогодишна суспензија