Новак Ѓоковиќ ја освои 24-та Грен слем титулата. Српскиот тенисер во доста интересно финале го совлада Данил Медведев со 3-0 и се врати на врвот на АТП-листата.
На прес-конференцијата по турнирот зборуваше за почит, планови и одговори на прашањето дали е најголемиот на сите времиња.
„Секогаш има промени, на неделно и месечно ниво, да се опоравам, ментално да се подготвам, да додадам нешто за да бидам подобар во играта дури и за неколку проценти. Треба да се најде формула. Мора да приспособите, како човек на 36 години кој се натпреварува со 20 годишници, треба да го подготвите целото тело да го имате вистинскиот баланс, да се мотивирате да се натпреварувате и да не се откажувате. За да ја задржите емоцијата.
Бев под голем стрес пред тренинзите и натпреварите, потрошив многу енергија, но знам дека не сум единствениот, дека има многу големи шампиони кои гледаат на се да биде совршено и да ја усовршат својата игра. Затоа Леброн Џејмс оди понатаму и покрај возраста, Том Брејди, тоа ме инспирира. Тоа е постојан процес кој морам да го одржувам за да се натпреварувам со помлади играчи“, изјави Ѓоковиќ.
Често се води дебата за најдобриот тенисер на сите времиња. Ѓоковиќ е најуспешен, но сепак има и такви кои тврдат дека Роџер Федерер и Рафаел Надал се поголеми од него.
„Тоа оставам на вас и на сите други, без разлика дали сум или не и дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Да не бев од Србија, уште пред многу години ќе ме вивнете на небо на спортски план , особено во западниот свет. Тоа е дел од моето патување. Благодарен сум, доаѓањето од Србија ми дава верба и надеж, уште послатко е и ме исполнува, а вие пишувајте што мислите за мене“.