Јовиќ и Пешевски пред дуелот со Колштад: Играме против супер екипа, гордо да ја претставиме Битола!

121

 

Во среда во Битола, со почеток во 18:45 часот во салата “Боро Чурлевски“, по долго,долго време, Пелистер ќе игра меч во Лигата на Шампионите. На нашиот шампион Е.Пелистер, во рамките на 1.коло во групата-А ќе му гостува силниот тим на Колштад, тим од Норвешка.

Не треба да се трошат зборови за тоа со каков квалитет располагаат гостите, но и Е.Пелистер си има свои сметки.

За тоа што може да се очекува од овој меч во ЛШ, свој коментар имаат тренерот Александар Јовиќ и капитенот Жарко Пешевски.

Колштад е екстра квалитетна екипа, која во своите редови има шест норвешки и еден исландски репрезентацтивец. Колштад гаи екстра динамична игра и мислам дека ќе биде задолвоство да се натпреварувањеме со нив. Верувам дека ќе се прикажеме во најдобро светло оваа сезона, пред нашата публика, во нашата реновирана сала. Се спремаме подолг период, игравме доста пријателски натпревари, игравме и променливо на некои од нив. Од натпреварите на кои не бевме на висина на задачата извлековме многу поуки. Анализитравме доста детали каде сите заеднички грешиме и мислам дека ќе ги исправиме со стартот на новата сезона во Европа и во Суперлигата. Еурофарм Пелистер ќе биде подготвен за предизвиците. За најдобрата публика и најракометниот град во Европа ќе порачам дека ќе оставиме срце на терен, ќе се прикажеме во најдобро светло и нема да ги разочараме навивачите“ вели Јовиќ.

Пешевски пак смета и на поддршката од страна на публиката, вели дека сите заедно треба да направат Битола горда:

Емоцијата може да биде проблем, но може да ти даде и некоја посебна сила за да бидеш подобар и посмирен од противникот, да му зададеш удар и да се радуваш на крајот. Играме против супер екипа како Колштад. Норвежаните негуваат агресивен и динамичен ракомет. Гостуваат во Битола и ние ќе направиме сè да му ја отежнеме работата. Се работи за тим составен од повеќе норвешки репрезентативци, на чело со Сагосен. Тој, Род и двајцата голмани се лидери во тимот. Имаат искалена агресивна одбрана, за која со видео анализи треба добро да се спремиме да ги пробиеме. Ако сè оди по планот, имаме шанси да се надигруваме и на крајот да се радуваме. Мислам дека ова наше место ни е заслужено како шампиони на Македонија по осумнаесет години. Ние и фановите треба заедно добро да се поставиме и ќе бидеме светла точка која гордо ќе ја претстави Битола. заврши капитенот.

ПретходноЕлези: Да покажеме дека Македонија вреди, дека Македонија има квалитет и да освоиме три бода!
СледноРК Прилеп се засили со хрватскиот пикер Томислав Квастек! (ФОТО)