Ќе има добра премија за Италија, само ако се победи Малта!

1124

СпортСпорт на Малта, Игор Д. Ивановски

 

ФФМ ќе ги награди фудбалерите за одличните 1:1 со Италија од саботниот меч во Скопје. Тоа било кажано веднаш по средбата во соблекувалната кога Муамед Сејдини, претседателот на ФФМ им го честитал одличниот резултат на фудбалерите.

Играчите прашале за премија и добиле одговор дека ќе има и тоа солидна цифра, но условот е да се победи утре Малта. Од федерацијата и стручниот штаб ја спуштаат топката на земја и се фокусирани на трите бода во дуелот кој следи затоа што само со три бода во Ла Валета ќе се заверат одличните 1:1 со Италија.

Секое опуштање во минатото било фатално за нашите фудбалери и затоа е загриженоста и совет да нема опуштање дека утре ќе биде лесно.

Да се потсетиме… Избориме пласман на ЕП во Грузија па го загубивме мечот за прво место во Лигата на нации од Ерменија. Ја победивме Италија па загубивме финале од Португалија за пласман на СП. Многупати таа еуфорија била фатална, се сеќаваме на оние феноменални 2:2 со Холандија па пеколот во Андора!

Оправдано е спуштањето на земја!

ПретходноУжасна вест за семејството Жижовиќ: Во сообраќајна несреќа загина таткото на новиот тренер на Шкупи!
СледноЕлези: Да покажеме дека Македонија вреди, дека Македонија има квалитет и да освоиме три бода!