„СпортСпорт“ во Малта, Игор Д. Ивановски
Проблем со повреда на листот од десната нога, пауза и без тренинг со јак интензитет од 10 дена. Тоа е главниот проблем кој го има Аријан Адеми и за кого мали се шансите да се појави во составот на нашиот национален тим за утрешниот меч со Малта.
Фудбалерот од средниот ред и поради клубскиот ангажман и враќањето во Динамо Загреб не беше два дена со репрезентативците, но тоа не е причината поради која не настапи со Италија, а еве може да не игра утре со Малта.
Адеми и покрај повредата сакал да е со националниот тим и ако не игра барем да биде поддршка за соиграчите на двата дуели. Ситна повреда, но без посериозна природа има и Столе Димитриевски кој има болки во грбот по незгодната интервенција на дуелот со Италија кога имаше чудна реакција и лизгање од очајниот терен на стадионот во Скопје.