Претседателот на Кошаркарската Федерација, Перо Антиќ, денеска одржа кратка средба со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во пресрет на пленарниот состанок на лидерите учеснички на процесот брдо Бриони.
Антиќ, кој дел од својата богата кариера ја мина во Белград, на Претседателот Вучиќ му подари патики декорирани со државни обележја на Србија, честитајќи му за освоениот сребрен медал на Светското машко првенство и упати искрени желби за успешен настап и на Олимписките игри кои ќе се одржат во Париз во 2024 година.