Најголемиот: Моите родители се заслужни што јас сум овде!

294

Нема веќе дилеми.Новак Ѓоковиќ е најголемиот во историјата на тенисот. По освоениот 24 гренслем трофеј веќе се е јасно. Тоа го кажуваат сите,па и оние фанови на Надал и Федерер.

Србинот не ја криеше својата радост по финалето со Медведев. Сепак тој во својот говор кажа тоа што сите го знаат, посебно оние околу него, неговите најблиски:

„Не знам од каде да почнам. Секогаш сум кажувал дека мојот детски сон беше да играм тенис, кој на мене и моето семејство многу тоа му донесе. Многу добро е познато што се случуваше во деведесите години од минатот век, потоа војната се она штојас имоите блиски го минавме. Јас да сум тука секако дека е заслуга на моите родители. Тенисот е скап спорт и тие како и целото мое семејство ме поддржуваа цело време, и јас им благодарам на тоа. Веруваа во мене како и сите кои се околу мене, и уште еднаш им благодарам на тоа“ рече гордиот Новак, најдобриот во историјата.

Graphic: 24 picture cutouts of Novak Djokovic with all of his trophies.

ПретходноЕХФ: Двегодишна суспензија за Драган Начевски и парична казна!
СледноДени Илиев: Шишко ќе ја заврши работата во најдобро светло!