Останува на Блискиот Исток: Љафтов потпиша за Ал Васл од ОАЕ

498

Еден од нашите најдобри одбојкари на последното Европско првенство, Александар Љафтов, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Ал Васл во Обединетите Арапски Емирати. По една година помината во шампионатот на Саудиска Арабија, Љабтов останува на Блискиот Исток.

„Искрено, до последен момент чекав да видам дали ќе се договориме со мојот досегашен клуб во Саудиска Арабија, но добив одлична понуда од Дубаи и решив да ја прифатам. Следната сезона ќе играм за Ал Васл“, ни потврди нашиот примач.

Љафтов со семејството в среда заминува за Дубаи по што ќе му се стави на располагање на својот нов клуб. Инаку, на штотуку завршеното Европско првенство, нашиот примач заедно со Никола Ѓорѓиев беа најдобри поентери во нашиот национален тим.

ПретходноАнтиќ му подари патики на претседателот на Србија, Вучиќ (ФОТО)
Следно„Кориере“: Наполи одбил 30 милиони евра од Ливерпул за Елмас