Франција е полуфиналист на одбојкарското ЕП

180

Одбојкарската репрезентација на Франција се пласира во полуфиналето на ЕП откако вечерва беа подобри од Романија со 3-0 во сетови 25-22, 25-14 и 27-25. Французите во полуфиналето ќе играат со подобриот од натпреварот меѓу Италија и Холандија кој се игра утре.

Претходно и Словенија избори полуфинале по триумфот над Украина со 3-1, а во полуфиналето ќе го чека подобриот од натпреварот Полска-Србија кој се игра утре.

ПретходноАмериканскиот „дрим тим“ во полн состав на ОИ – Леброн, Кари и Дурент напаѓаат медал
СледноПоргугалија со „деветка“ го поздрави Луксембург, БиХ поразен од Исланд