Ѓоко Зајков: Против Малта ќе треба да нападнеме со сите сили!

116

„СпортСпорт“ во Малта, Игор Д. Ивановски

Ѓоко Зајков одигра квалитетно против Италија, впрочем како и сите во нашиот табор. Но Италија е минато, сега мислите се кон утрешниот меч со Малта на гости. Императивот е победа и три бода.

Зајков за утрешниот меч истакнува:

“Секако дека против Малта треба да се даде максимум.Воопшто не енаивен противник, има доста квалитет, не треба да се потцени.Па така со максимална сериозност да влеземе на мечот и да се обидеме да победиме“коментира нашиот дефанзивец.

Тој смета дека утрешниот дуел со Малта ќе биде сосема различен од оној со Италија:

„Со Италија беше друг натпревар. Се работи нели за квалитетен состав, каде што мора и поодбранбено да играш, меѓутоа утре ако сакаме да победиме ќе треба да нападнеме со сите сили. Притисок нема. Ова е фудбал, како на секоја средба. Ќе се надигруваме, на крајот ќе видиме како ќе биде резултатот. Треба да одиграме  поофанзивно, да се обидеме да ги земеме тие три бода“посочи Зајков.

Исто смета дека пред овој меч со Малта нема класични фаворити и аутсајдери:

“Фаворити во денешно време има само на хартија. Не би рекол дека Малта е аутсајдер. Полесно е да играш против Италија од тој психолошки план, нели, Италија е поголем противник. Но јас сметам дека нема потреба од притисок на билокој меч и против било кој противник. Треба да уживаме во натпревароти да израдуваме сите Македонци“ заврши стоперот на нашата репрезентација.

ПретходноЗапочна продажбата на билети за дуелот на У21 Македонија со Холандија!
СледноДимитриевски поради повреда нема да брани со Малта, Талевски дополнително повикан!