Италијанските медиуми: Елмас против Италија му покажа на Гарсија кој е кој!

1907

Ова лето, барем според пишувањето на медиумите во Италија, Наполи одбил две понуди за нашиот Дијаман. Првата била од Ливерпул а втората од Лајпциг, и двете во износ од 30 милиони евра. Веќе наголемо се кажува, а тоа и „СпортСпорт“ го објави дека еден од најдобрите менаџери во светот Фали Рамадани веќе ги започнал преговорите со Интер за да во јанури Елмас се пресели во Милано.

Сепак ни Наполи не седи со вкрстени раце, па има намера да му понуди на Дијамантот продолжување на договорот, односно нов побогат договор од тој што го има сега. Од друга страна се чини дека главен фактор за тоа дали Елмас ќе се оди или ќе остане под Везув е тренерот Руди Гарсија, кој нема некоја преголема доверба во него. Можеби затоа медиумите во Италија истакнуваат дека Дијамантот во Скопје против Италија најубаво му покажа на Гарсија кој е кој.

ПретходноНадал: Новак е најдобар во историјата!
СледноСелекторот на Малта: Македонија индивидуално е подобра од нас!