Секако дека по поразот на неговата репрезентација, селекторот на Малта, Микеле Марколини не беше задоволен. Тој на пресот по натпреварот, кој Македонија го доби со 0:2 и освои три бода, посочи дека го респектира гостинскиот репрезентативен тим.
“Игравме против добар тим, кој знаеше што сака. Дадоа два гола и застанаа. Тешко е да се игра ваков меч во кој немавме ниту еден удар, ниту една шанса. Не сум задоволен, нема ништо добро кај нас. Македонија е тим кој го респектирам. Тим со Елмас, Алиоски, Барди ја прави разликата. Тоа го видовме и при првиот гол“ рече покрај другото Марколини.