Официјални состави: Како што и објави “СпортСпорт, Димоски и Алими меѓу стартерите! Македонија првпат со црни дресови!

557

СпортСпорт на Малта, Игор Д. Ивановски

На нешто повеќе од еден час пред почетокот на натпреварот Малта –Македонија, во рамките на квалификациите за ЕВРО 2024, и двајцата селектори Микеле Марколини и Благоја Милевски ги објавија официјалните стартни состави на своите репрезентации. Да се пофалиме дека во текот на денот уште еднаш само „СпортСпорт“ го објави вистинскиот стартен соатав на нашата репрезентација.Тоа значи дека меѓу стартерите се и Димоски и Алими. Се разбира и Шишковски на голот место повредениот Димитриевски.

На трибини се Дарко Велковски, Доријан Бабунски и Димитар Митровски.

Инаку Македонија за првпат во својата историја ќе игра со црни дресови.

Па така за Малта мечот ќе го започнат:

Бонело, Мбонг, Борг, Пепе, Мускат, Камензули, Џулиаумиер, Кристенсен, Теума, Нвоко, Џонс.

Додека Македонија ќе стартува со:

Шишковски, Манев, Муслиу, Зајков, Димоски, Алиоски, Алими, Атанасов, Барди, Елмас и Миовски,

ПретходноБилетите за Вардар 1961 и Пелистер од 150 до 250 денари!
СледноСандер Сагосен доаѓа во Битола!