Бонучи ќе го тужи Јувентус

212

Последните информации кои пристигнуваат од Италија велат дека Јувентус и Леонардо Бонучи, легендата на клубот кој летово си замина од Торино и се пресели во Унион Берлин ќе водат правна битка.

Поточно, Бонучи одлучил да го тужи клубот, кој на стартот на летото му кажа дека повеќе не смета на него и дека може да си бара нова средина. Не му беше дозволено повеќе да тренира со екипата, момент кој Бонучи го гледа како правен основ за тужба.

Тој смета дека му било ускратено правото да се подготвува на најдобар можен начин односно да тренира, за да може да пронајде нов клуб, и дека поради тоа претрпел професионална и лична загуба.

Бонучи додава дека се што ќе добие како надокнада во оваа тужба, ќе биде донирано на една од детските клиники кои се наоѓа на подрачјето на Торино.

ПретходноНајубавите 10 поени на Македонија на ЕП! (ВИДЕО)
СледноШвajцарците бесни обвинуваат…. Џака му пушти на Косово, тој пак со „отровни“ стрели кон селекторот (ВИДЕО)