А Бојан Димоски покажува дека има капацитет за настап во македонскиот национален тим. Тој е освежување во екипата, онаа нова енергија. Екс-фудбалерот на Брера Струмица, сега на руски Акрон од Тољати, одигра добро па со него селекторот веќе има повеќе опции на бековските позиции.
„Тешко е да се игра против вакви репрезентации, но покажавме карактер и квалитет и заслужено дојдовме до победата. Во денешно време сите репрезентации играат фудбал, знаевме дека ќе биде тешко, на крајот преовлада тимскиот дух и квалитетот.
Тимот изгледа одлично. Имаме спој на младост и искуство, нова енергија. По оној пораз од Англија знаевме дека мора да се направи нешто, а на овие два натпревари со Италија и со Малта се покажавме во вистинско светло. Одиме чекор по чекор и се надевам дека и на следните натпревари ќе го покажеме најдоброто од нас“.