Договорот за Евертон е блиску

345

Газдата на Евертон, Фарад Мошири е блиску до договор со приватниот инвестициски фонд „777 Партнерс“ за акциите на клубот и промената на сопственоста. Според Блумберг, преговорите траат со месеци, но сега се многу блиску до успешна завршница. Истата компанија имаше понуда за делумно инвестирање и купување на 25% од акциите за 150 милиони фунти во мај, која беше одбиена.

„777 Партнерс“ поседува акции во седум различни клубови, вклучувајќи ги Севиља, Херта и Џенова.

Мошири купи 49,9% од акциите на Евертон во 2016 година и го зголеми својот удел на 94% минатата година. И покрај милионите што ги вложи, тимот се одигра лошо последните две сезони и буквално во последен момент се спаси од испаѓање.

 

ПретходноКФСМ одлучи, новата сезона стартува на 30 септември
СледноЈунајтед ќе носи крилен напаѓач на кој речиси сите заборавија