Се играше 72.минута кога нашиот стопер Ѓоко Зајков, при еден судир со фудбалер на Малта, се повреди и остана да лежи на теренот. Неколку минути потоа му се укажуваше лекарска помош, тој сакаше да стане и и да продолжи да игра, но сепак беше решено да биде заменет со Серафимов. На крај од теренот нашиот голем борец беше изнесен со носилки а тој покажуваше знаци дека се е во ред. Да се надеваме дека е така, со нетрпение се очекуваат вестите за здравствената состојба на нашиот стопер.