КФСМ одлучи, новата сезона стартува на 30 септември

170

Денеска во просториите на КФСМ беше одржан состанок со претставниците на сите прволигаши на кој беше одлучено околу стартот на новата сезона, и прецизирани детали околу истата.

Беа извлечени натпреварувачките броеви со кои се формираше и распоредот на натпреварите во Првата лига-мажи за сезоната 2023/2024. Па така, ова е редоследот по кој според Бергеровиот систем се скрои и првото коло во новата сезона.

Клубовите ги добија следните натпреварувачки броеви:

1.Гостивар

2. Академија ФМП

3.Чаир 2030

4.Кожув

5.Работнички

6.ТФТ

7. Пелистер

8. Еуро Никел 2005

9. Феникс 2010

10.МЗТ Скопје Аеродром

11.Вардар

12.Охрид

Согласно Бергеровиот систем за натпреварување со 12.екипи-учесници, формирани се и двојките за првото првенствено коло кое стартува на 30.септември:

ДВОЈКИ 1. КОЛО (30.09/01.10,2023)

Гостивар – Пелистер

Академија ФМП – Еуро Никел 2005

Чаир 2030 – Феникс 2010

Кожув – МЗТ Скопје Аеродром

Работнички – ТФТ

Вардар – Охрид

ПретходноАматери: Невидена бламажа на Фудбалскиот сојуз на Грција!
СледноДоговорот за Евертон е блиску