Микеле Марколини: Тим со Елмас, Барди, Алиоски…ја прави разликата!

675

Секако дека по поразот на неговата репрезентација, селекторот на Малта, Микеле Марколини не беше задоволен. Тој на пресот по натпреварот, кој Македонија го доби со 0:2 и освои три бода, посочи дека го респектира гостинскиот репрезентативен тим.

“Игравме против добар тим, кој знаеше што сака. Дадоа два гола и застанаа. Тешко е да се игра ваков меч во кој немавме ниту еден удар, ниту една шанса. Не сум задоволен, нема ништо добро кај нас. Македонија е тим кој го респектирам. Тим со Елмас, Алиоски, Барди ја прави разликата. Тоа го видовме и при првиот гол“ рече покрај другото Марколини.

ПретходноМилевски: Тимот добива нов лик и горд сум на тоа!
СледноМиовски: Ако сакаме на ЕП мора да победуваме големи репрезентации