СпортСпорт на Малта,
Игор Д. Ивановски
Сигурна игра, важни три бода и лесна победа за Македонија на Малта каде нашата фудбалска репрезентација стигна до посакуваната цел. Аутсајдерот во групата си доби добра лекција по фудбал од избраниците на Благоја Милевски кои имаа лесен тренинг, добар тест или загревање пред пресудните дуели од квалификациите за ЕП во октомври и ноември. Нашите фудбалери делуваа како што треба, од почетокот поа до крајот на средбата ја имаа контролата на играта и резултатот и лесно го положија испитот на ова гостување. Македонија одамна е селеквција која лесни ги решава „пацерските“ селекции кои во минатото знаеа да ни направат проблем.
Брз рафал на Елмас, Барди диригира
По само 5 минути игра се случи пресудниот момент на натпореварот. Одлина акција на нашите фудбалери по левата страна каде Алиоски пробива, додава до Барди а асистенција на нашиот капитен до Елмас носи и водстви. Нашиот „дијамант“ мајсторски влезе во зоната за удар, си создаде шанса по која следеше рафалната стрелба за водство. Тоа што го сакавме тоа и го исполнивме и тоа за брзо време. Ги отворивме домашните во раната фаза од натпреварот а потоа се беше лесно. Лесно е кога го имат Барди за диригент кој имаше и два обиди за гол но и втора асистенција при голот на Манев за 2:0.
Бум-бум Елмас – гол за водство на Македонија против Малта (видео)
Манев назад е столб, а во напад знае и да стрела
Македонија добива супер стопер во името на Јован Манев. Младиот дефанзивец кој стана миленик на јавноста и поради чиј што притисот тој доби повик во националниот тим, знае како да и врати на публиката. Одигра перфектно со Италија, а вечерва царуваше пред нашиот гол. Тој дури и се запиша во листата на стрелците кога во 41 минута по корнерот на Барди успеа да ја зафати топката и да ја смести во мрежата на Малта. Манев е голем потенцијал и добра иднина за националниот тим на позицијата која беше тенка на неколку претходни средби. Добар беше и Зајков кој заработи лоша повреда на 10 минути пред крајот и беше принудно сменет и на носилки изнесен од теренот поради потешка повреда.
Милевски со три измени, новите се добри
Бојан Димоски заедно со Исник Алими за првпат се најдоа во улогата на стартери во репрезентавцијата. Димоски на десната бековска позиција одигра добро со Италија, а беше одличен и вчера кога на моменти „леташе“ по таа наша десна страна. Можеби не е видлив за око но добро затвара фудбалерот на Сепси од Романија кој влета на местото од Елези. Селекторот Благоја Милевски како да почнува да ја подмладува репрезентацијата во која оние поискусните имаат се помала минутажа а некои се дури и на трибина.
Малта без ниту една супер шанса, статива на Алиоски
Рутински и без многу ризик влегоа нашите фудбалери во вториот дел од натпреварот. Не запнаа за убедлива победа и да ја наполнат мрежата а статуивата на Алиоски беше единствената голема шанса за трет гол. Од друга страна пак Малта не создаде ниту една голема шанса за гол а Шишковски немаше многу работа и средбата ја заврши со „чиста мрежа“.
Добра бројка на наши навивачи
Околу 4.000 навивачи го следеа дуелот на „Та Али“, стадионот во Ла Валета кој беше полупразен а во една таква посетеност доминираа нашите навивачи чија бројка беше од 1000 до 1500. Македонските навивачи немаа предизвик на другата страна со оглед на тоа дека фудбалерите се погрижија да ја стишат домашната публика која беше дојдена да гледа театарска претстава.
Остануваме во игра за пласман на ЕП
Со новите три бода, нашите фудбалери се вратија во игра за пласман на ЕП 2024 иако мисијата е невозможна а патот до големиот успех е трнлив и премногу тежок. Сите три следни предизвици се финалиња едно по друго. Првата и најголема препрека е Украина и гостувањето во октомври, а потоа следат Рим и дуелот до Италија и последниот меч дома со неприкосновената Англија.
Минута по минута:
Натпреварот почнува со минута молчење за жртвите од поплавите во Мароко и Либија.
5’ – ГОООЛ: 0:1 Одлична акција на Алисоки, Барди и Елмас кој доби топка во казнетиот простор на Малта, си направи простор и од 12 метри следеше рафална стрелба кон голот на Бонело!
40’ Бомба на Барди од слободен удар во вид на скратен корнер но домашната одбрана од самата гол линија ја исфрла топката во корнер.
41’ – ГОООЛ: 0:2 Јован Манев со глава ниско по земја ја смести топката во мрежата на Малта по нафрлената топка од корнер на Енис Барди!
45’ Слободен удар на Барди, бие ниско по земја од 20 метри но голманот Бонело од самата гол линија спасува нов гол за Македонија.
68‘ – Статива! Џани Алиоски се обиде откосо од левата страна да го изненади домашниот голман, упати силен и незгоден удар но десниот дирек беше сојузник на Малта.
90+3 Алиоски центрира до Миоски но овој не стигна на време да ја смести топката во мрежата на Малта.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024 – ГРУПА „Ц“
МАЛТА – МАКЕДОНИЈА 0:2
Стадион: „Та Али“, Ла Валета.
Гледачи: 3.458
Главен судија: Хенрик Налбандијан од Ерменија.
Стрелци: Елмас 5’, Манев 41’
Ж.картони: Теума, Борг, Камензули (Ма) – Шишковски, Муслиу (Ма)
МАЛТА (5-3-2): Бонело, Камензули (Паубер 87’), Борг, Џулајар, Мбонг (Аттард 46’), Теума, Пепе, Нвоко (Мбонг 72’), Кристенсен (Јаник 46’), Мускат, Џонс (Монтебело 46’).
Селектор: Микеле Марколини
МАКЕДОНИЈА (4-2-3-1): Шишковски, Манев, Муслиу, Зајков (Серафимов 77’), Алиоски, Димоски (Ашковски 83’), Барди, Алими, Атанасов (Елези 77’), Елмас, Миовски (Ристовски 90+4).
Селектор: Благоја Милевски
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО
Малта – Македонија 0:2
Италија – Украина 2:1
ТАБЕЛА:
1. Англија 5 +14 13
2. Италија 4 +2 7
3. Украина 5 -1 7
4. Македонија 5 -5 7
5. Малта 5 -10 0