Надал: Новак е најдобар во историјата!

868

Се чини дека веќе нема дилеми кој е кој во светот на тенисот, кој е најдобар во историјата. По освоената 24-та Гренслем титула на УС Опен сега дури и ривалите сметаат дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот, најголемиот во историјата, најголемиот кој некогаш играл тенис.

Ова јавно го кажа и Тони Надал, чичкото и тренерот на Рафа Надал.

Тешко е да се одреди кој е најголемиот во историјата, но сепак бројките говорат дека Новак е тој. Бројот на освоените титули говорат во негова корист. Иако лично сметам дека Федерер во одреден период играше тенис на повисокот ниво од Новак, сепак бројките велат поинаку, затоа Новак е најдобриот во историјата“ посочи Тони Надал.

ПретходноИсторијат: Македонија знае како со Малта, така нека биде и вечерва! (ВИДЕО)
СледноИталијанските медиуми: Елмас против Италија му покажа на Гарсија кој е кој!