Колстад е првиот противник на Пелистер во Лигата на шампиони. Норвешкиот тим денеска треба да пристигне во Битола, веќе утре ќе ги одмери силите со актуелниот македонски првак.
Колстад пред да замине за нашата земја ја направи комплетната анализа, ракометарите во тефтер ги запишуваа сите инструкции кои им беа дадени. Детално се анализираа сите ракометари на македонскиот првак.
Најмногу се обрна внимание на македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски, Денис Васиљев, Урош Борзаш и на голманите Лесјак и Гедбан.
„Екипата можеби е без многу големи ѕвезди. Но, го имаат Србинот Урош Борзаш. Потоа имаат два навистина големи, силни играчи во линијата и тоа Русинот Денис Васиљев (196 см) и Македонецот Жарко Пешевски (32-годишен кој стои 195 см). Не е добра идеја да се обложувате на „борење“ со двајцата. Мора да се однесуваме попаметно. Пелистер има и добар голман (покрај словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак) тука е Калифа Гедбане од Алжир. Контранападите, пак, се чини дека не се она на што најмногу се фокусира Пелистер“, се вели во нивната анализа.
Мечот меѓу македонскиот и норвешкиот првак е закажан со почето во 18:45 часот.