Познат е составот: Димоски е стартер и “џокерот“ на Милевски!

474

СпортСпорт на Малта, Игор Д. Ивановски

Познат е стартниот состав на нашата репрезентација за вечерашниот меч со Малта. Како што дознаваме нема да има многу измени во однос на стартерите на дуелот со Италија. Јасно е дека поради повреда ќе го нема Димитриевски, а на негово место ќе биде Шишковски. Во стартниот состав ќе биде и Бојан Димоски кој одигра фантастични десетина минути во финишот на мечот со Италија, па еве заслужено добива шанса. Тој е „џокерот“ на Милевски. Истотака стартер ќе биде и Алими.

Инаку ова е стартниот состав на Македонија:

Шишковски, Манев, Муслиу, Зајков, Димоски, Алиоски, Атанасов, Алими, Барди, Елмас, Миовски.

ПретходноПелистер „под лупа“: Не е добра идеја да се борите со Пешевски и Васиљев
СледноБодот со Италија ќе биде златен ако се победи Малта!