Прекинат е фудбалскиот натпревар помеѓу селекциите на Романија и Косово во Букурешт во 20 минут поради тоа што домашните навивачи пееле против Косово и распослале банер на кој пишувало „Косово е Србија“, исто така фрлиле пиротехнички материјали на теренот. Судијата го прекинал мечот и ги испратил фудбалерите во соблекувалната.
Според процедурите романскиот национален тим ќе доби жестока казна од УЕФА поради инцидентот, а освен парична казна сигурно ќе игра без публика на домашните натпревари во преостанатите квалификациски мечеви.
Што се однесува до натпреварот, тој продолжи после половина час пауза.