Искусниот хрватски фудбалски стартег, Игор Штимац во моментов е селектор на репрезентацијата на Индија. Таму е исклучително почитуван како светско фудбалско име, но последниот скандал кој излезе во јавноста можно е да му ја поткопа беспрекорната репутација.
Имено, пред клучниот квалификциски дуел против Авганистан, Штимац имал коресподенција со познат астолог во Индија, со име Бупеш Шарм, на тема први единаесет.
Штимац му испратил порака со можните стартери, а по неколку дена подоцна, откако астрологот го „простудирал“ составот му возвратил позитивно.
Сепак, проблемот настанал во моментот кога составот излегол во јавност и кога двајца од стандардните не биле во него. Во Индија ова е сватено како голем скандал со оглед на фактот што јавноста не може да сфати како може така сериозно фудбалско име да се потпре на хороскопски знаци и на астрологија. Дотолку повеќе што Штимац подолг период комунуцирал со Астрологот и му давал сериозни информации за репрезентацијата што инаку не би смеело, затоа што истите лесно би можеле да бидат пробиени.