Урнебесно: Она кога резултатот е 0:8 па селекторот предвреме си оди во соблекувална! (ВИДЕО)

442

Синоќа во меч од квалификациите за ЕВРО 2024, Португалија и без Кристајано Роналдо успеа просто да го растури Луксембург со 9:0. Некогашниот европски првак имаше шанси и за уште некој гол против сиротите Луксембуржани кои не знаеја каде се наоѓаат.

Депримиран од резултатот и од настаните на теренот, селекторот на гостите Лук Холц уште кога беше 8:0 за Португалија ја напушти клупата и си замина во соблекувалната и токму затоа не го виде последниот гол, оној деветтиот кој што го прими неговата екипа.

Пример како не треба да се однесува еден тренер и селектор, како тоа да ги остави своите играчи а тој да си замине.

ПретходноСелекторот на Малта: Македонија индивидуално е подобра од нас!
СледноАдеми повторно е капитен на Динамо, Ристовски еден од замениците!