Холандија ги казни нашите грешки

720

Македонската репрезентација до 21. година го загуби вториот квалификациски дуел од оваа кампања, прв на домашен терен, од денеска не поквалитетната, туку по среќната репрезентација на Холандија. Се што ние создадовме но и промашивме за еден час, Холандија го казни со голот на резервистот Охајо, и пеналот на Тејлор кој патем беше асистент за 0:1.

Ние имавме свои моменти, кои за жал не ги искористивме, а тоа квалитетниот, сериозниот противник и тоа како знаеше да го казни. Пожртвуваноста и максималната посветеност во секој дуел овој пат не ни се исплатеше, но за жал, за тоа ќе мора да почекаме некој друг меч.

За Холандија иницијативата за нас шансите во првиот дел

Она што беше исклушително позитивно на стартот на мечот, а што се однесув до нашиот тим влезе без никаков респект кон фаворитот, и создаде пет шест сериозни прилики пред противничкиот гол. За разлика од противникот кој имаше иницијатива но освен ударот на капитенот Пропер речиси и да не упати друг опасен удар кон голот на Алчевски.

По само две три минути игра Станковски за Крстевски упати една одлична топка во празно, но сепак завршница немаше. Следуваше исто таква една добра длабочинска топка на Николов кон Крстевски но и во оваа ситуација не се снајдовме најдобро пред противничкиот гол. Самиот Крстевски по еден продор кој траеше седумдесетина метри, со противнички играч на грб што се вели упати центаршут на петерецот по земја но и тука немаше директен удар. Максимов со сличен обид за Лука Станковски кој доцни стотинка со ударот и Холандија се спасува. Конечно, Иван Николов зафати еден отпадок и упати удар кој што имаше такво ефе кое ја однесе топката вон рамките на голот.

Отвораме со шансата на Николов

Само што стартуваше второто полувреме, во 53. минута, Македонија ја имаше својата најголема шанса. Лука Станковски извонредно за Крстевски кој избива сам, влегува во шеснаесетникот, одигрува повратна топка за Николов кој шутира, а Ратси брани со нога и не скратува од сигурно водство.

Калкан одлично се загради во 60. минута, излезе полудесно на удар но шутираше високо иако имаше добра ситуација.

Негатива од никаква игра на противникот

И кога мислевме дека ние ќе го направиме конкретниот завршен пас, завршен удар и ќе дојдеме до водство, се случи сосема спротивното. Акција по лево на Холандија, продор на Тејлор, резервистот Охајо на петерец одлично се намести и реализираше за водство.

За четири минути двојна негатива

Само што тргнавме од центарот, нов напад на Холандија, Охајо во дуел со Стојчевски, нашиот стопер направи прекршок, а судијата досуди пенал. Сигурен реализатор асистентот при првиот гол, Тејлор.

До крајот ние имавме уште една добра ситуација преку Николов, кој што упати добар удар но истиот беше блокиран само за корнер.

 

Квалификации за ЕП У21

Македонија – Холандија 0:2 (0:0)

Комплекс Петар МИлошевски

Гледачи: 300

Главен судија: Ишмаел Барбара (Малта)

Стрелци: Охајо 68, Тејлор 72 (п) (Х)

Ж.картони: Максимов, Рамадани (М) Пропер (Х)

Македонија: Алчевски, Деспотовски, Стојчевски, Рамадани, Николов, Илиевски (Калкан 59), Станковски (Тодоровски 69), Максимов (Талаков 80), Крстевски (Абази), Рамани (Ангелов 80), Фета

Холандија:Ратси, Ван Дер Берг, Хато, Пропер (Ван Бремер 87), Тејлор,Еменга (Охио 46), Бабади, Ван Бомел (Твихт 78), Хувер (Регер 57), Бас (Салах Един 57), Маноеф

 

 

ПретходноСтојан Илиев потпиша за кипарски Енозис Анагенизи
СледноШоу на „Фалангата“ на Малта: Македонија на Македонците (ФОТО+ВИДЕО)