Како што и се очекуваше по враќањето во својот Динамо, Аријан Адеми повторно ја доби капитенската лента на “модрите“. Ова го потврди денеска и тренерот Сергеј Јакировиќ, и тоа по инцијатива на Бруно Петковиќ, кој беше капитен по заминувањето на Адеми во Кина. Токму тој инсистирал нашиот репрезентативец да биде повторно капитен на Динамо. Додека Стефан Ристовски е еден од замениците капитени.
Инаку за разлика од Стефан, Аријан Адеми е на Малта заедно со своите репрезентативни другари. Тој и покрај ситната повреда одлучил на овој меч да биде дел од македонската репрезентација, можеви вечерва, ако има потреба, и ќе заигра неколку минути.
ФОТО: NK Dinamo Twitter