Пред два дена во меч од квалификациите за ЕВРО 2024, Грција на свој терен успеа убдливо да слави над Гибралтар со 5:0. Сепак многумина беа изненадени од фактот дека селекторот Густаво Појет на овој меч настапил без неколкумина стандардни репрезентативци како Цимикас, Мантолас, Курбелис и Сиопас кои не биле во тимот.
Дури после тоа се дознало за големиот скандал, аматерската грешка или невидената бламажа на Фудбалскиот сојуз на Грција. Имено одговорните во Сојузот му рекле на Појет да не ги става овие играчи во тимот зошто се под суспензија зошто имале жолти картони. И Појет би среќен зошто против Гибралтар овие важни играчи ќе се “очистат“ од картоните и ќе можат да играат на мечевите во октомврискиот циклус.
Скандалот е во тоа дека овие играчи имале право на настап зошто имале по два жолти, а се паузира со по три. По ова со соопштение излезе и Фудбалскиот сојуз на Грција и најави истрага и секако санкции за одговорните со што практично ја потврди аматерската грешка на своите вработени.