Милевски: Тимот добива нов лик и горд сум на тоа!

551

СпортСпорт на Малта
Игор Д. Ивановски

Септември мина одлично за фудбалската репрезентација. Големо реми дома со Италија (1:1) и очекувана победа на Малта (0:2). Селекторот Благоја Милевски кој беше пред смена по дебаклите од Украина и Англија сега може мирно да размислува за последните три средби од квалификациите за пласман на ЕП. Тој по победата над Малта напомена:

Малта уште еднаш покажа дека се рабори за квалитетен тим и честитки за нивната игра и нивната сериозност. Натпреварот го контролиравме до крај, имавме шанси и за други голови но цечлта е остварена. За мене најважен беше пристапот на фудбалерите кој беше на посакуваното ниво…“.

Што по Малта и до крајот на квалификациите!?

Во нашиот спорт се е можно. Така да оваа позиција која ја имаме сега ни дава за право да бидеме задоволни затоа што сме активни за пласман на ЕП иако имаме во група една Италија, Англија, Украина… После Малта ни следи Украина во октомври“.

Како го оценува новиот бран на репрезентативци како Манев, Димоски…!?

Имавме исцрпувачки меч со Италија и на физички и на психички план. Затоа ме радува тоа што беа на посакувано ниво денеска. Рутински победивме но Малта не е наивна. Ме рафдува фактот што веќе имаме млада репрезентација која покажува одреден квалитет. Со право треба да бидеме горди на нив, да направиме конкурентна репрезентација која ќе трае во наредните 5-6 години. Морам да бидам задоволен од овој „прозорец“ од овие ва меча од пристап, мотивираност и енергија. Имаме тимски дух кој продолжи и на денешниот натпревар. Повеќе сум од сигурен дека сме на добар пат. Тимот како тим добива еден нов лик и тоа ме прави горд“.

 

ПретходноЗајков изнесен на носилки!
СледноМикеле Марколини: Тим со Елмас, Барди, Алиоски…ја прави разликата!