Миовски: Ако сакаме на ЕП мора да победуваме големи репрезентации

308

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е задоволен од резултатот против Малта и најави дека шанси за место на ЕП постојат, но ќе мора да се победуваат големи репрезентации. Ни следуваат мечеви против фаворитите Украина, Италија, Англија…

Секогаш е добро кога рано ќе се отвори резултатот против вакви противници. Ние поведовме во петтата минута, а потоа се беше рутински. Потоа постигнавме гол од корнер, а знаевме дека 2:0 на полувреме е најлош резултат. Останавме со ист пристап до крајот на натпреварот и така го задржавме резулатот. Во целина задоволни сме од резултатот и од играта“, изјави напаѓачот на Абердин.

Колку беше тешко да се одиграат два натпревари за  четири дена.

Тешко е да се одиграат два меча за толку краток период. Честитки до медицинскиот тим кои не опоравуваат  на време“, вели Миовски.

Шанси за ЕП постојат, како понатаму?

Имаме исто бодови со Италија и со Украина, но знаеме дека ако сакаме да одиме на ЕП мораме да победиме големи репрезентации. Мислам дека тоа треба да го докажеме и заслужено да одиме на Европско првенство“, заврши нашиот напаѓач.

 

ПретходноМикеле Марколини: Тим со Елмас, Барди, Алиоски…ја прави разликата!
СледноДимоски: Се надевам дека и на следните натпревари ќе го покажеме најдоброто од нас