Одлични, перфектни први 45 минути на нашите момци од мечот Малта – Македонија. Имаме водство од 0:2 и тоа со головите на Елмас уште во 5.минута кога Дијамантот фантастично се снајде и го погоди левиот агол на домашните со мајсторски гол за 0:1.Во 41.минута Манев најдобро се снајде пред голот на Малта и со убав шут со глава го удвои водстото.
Барди опасни се закани двапати од слободен удар, можеше да биде и повеќе од тие 0:2 но сепак добро е.
Македонија игра умешно, знае што сака, ја користи секоја шанса да го загрози голот на Малта.
Браво Македонијо!