Сандер Сагосен доаѓа во Битола!

830

Пелистер ситно брои до првиот меч во Лигата на шампиони, прв после долго време. Гостин во реновираната сала „Боро Чурлевски“ е тимот на Колштад, мечот се игра со почеток во 18:45 часот.

Според информациите од норвешките медиуми, Колштад во составот ќе го има и Сандер Сагосен. Ѕвездата на овој тим се повреди пред извесно време и неговото патување за Битола беше ставено под знак прашалник.

Но, повредата е зад него и тој ќе се најде во составот за мечот со македонскиот првак.

„Сандер доби зелено светло и ќе игра против Пелистер. Тој тренираше одлично во четвртокот, потоа работеше со остатокот од тимот во текот на викендо . Ѕој ќе патува со нас во Македонија и ќе игра во Битола“, изјави од стручниот штаб на Колштад.

ПретходноОфицијални состави: Како што и објави “СпортСпорт, Димоски и Алими меѓу стартерите! Македонија првпат со црни дресови!
СледноВладата на Србија парично ќе ги награди кошаркарите за светското чудо