Фратези со два гола ѝ донесе победа на Италија над Украина

94

 

Репрезентацијата на Италија ги освои трите бода во дуелот со Украина во меч од 6.коло во квалификациите за ЕП 2024. Давиде Фратези ги постигна двата гола за Италијанците кои на крајот се покажаа како доволни за победа.

Играчот за врска на Интер стрелаше во 12.  и во 29. минута. Неговиот ефект во националниот тим е три гола и една асистенција. Украинците намалија преку Јармоленко во 41.минута.

Во второто полувреме не се смени резултатот и бодовите завршија на контото на Италија. Тоа е и прва победа на новиот италијански селектор Лучијано Спалети.

Во оваа група Ц, Англија е лидер со 13 бода, Италија се врати на второто место со 7 бода исто колку што има и Украина на третото место и Македонија на четвртото. Малта е последна со сите порази.

На другите мечеви:

НОРВЕШКА – ГРУЗИЈА   2:1
ШПАНИЈА – КИПАР        6:0
ШВАЈЦАРИЈА – АНДОРА               3:0
ШВЕДСКА – АВСТРИЈА   1:3
МАЛТА – МАКЕДОНИЈА               0:2
ИЗРАЕЛ – БЕЛОРУСИЈА 1:0
БЕЛГИЈА – ЕСТОНИЈА     5:0
РОМАНИЈА – КОСОВО   во тек

ПретходноМисија Малта: Елмас ги отвори, Манев ги затвори!
СледноЗајков изнесен на носилки!