Вардар 1961 тргна победнички во новата сезона, го совлада Бутел Скопје со 21-24 во рамките на второто коло во Супер-лигата. Ова беше загревање пред дербито против Пелистер кое се игра во недела.
„Црвено-црните“ не видоа некоја голема мака против Бутел Скопје. Во првиот дел имаа позитива од 8-10, тиа беше и најголемата позитива од овој дел. Во вториот дел, ракометарите на Вардар 1961 одиграа на повисоко ниво, со серија од 1-6 поведоа со 9-16. На другата страна Бутел Скопје се обидуваше да најде против игра за „црвено-црните„, пред самиот крај дојде на минус два, но немаше сили за повеќе па мечот заврши во корист на фаворитот.
Срдановиќ со осум гола беше лидер кај победникот, по три имаа Ѓукиќ и Лазаревски. Во редовите на поразениот состав, Јефтиќ запиша шест гола.