Лазаров заедно со познати легенди испратија порака пред ЕП 2024 (ВИДЕО)

570

ЕХФ промовираше видео од 49 секунди кое во склоп со „духот“ на Европското првенство 2024 година на кое учесник ќе биде и македонската ракометна репрезентација.

Целта на оваа кампања е да се испрати една порака: Ние сме тука за да играме. Истата значи дека сите оние кои го сакаат ракометот имаа иста енергија, волја и посветеност, иако сите доаѓаат од различни места и зборуваат различни јазици.

На овој видео-запис има голем број на легенди, а една од нив токму е нашиот Кирил Лазаров, предводникот на македонската ракометна репрезентација. Покрај него се Лук Абало, Виктор Томас, Ања Алтхаус, Гознало Перес де Варгас…

Македонија на престојното ЕП ќе игра во група со домаќинот, Германија, Франција и Швајцарија. Во првото коло токму нашата група и нашите момци ќе влезат во историјата. Дуелот меѓу Германија и Швајцарија, како и Македонија – Франција ќе се игра на стадион во Дизелдорф.

Погледнете го видеото во продолжение со наслов: ‘Here To Play’.

ПретходноСтрадаше коленото на Артуро Видал, неговата кариера е готова!?
СледноМанчестер Јунајтед е клубот кој потрошил најмногу за составот кој го има во моментов