Познати сите учесници на Купот на Африканските нации 2024 година

178

Со натпреварот од групата Ц во кој репрезентацијата на Камерун го совлада Бурунди со 3:0, стана апознати сите учесници на завршниот турнир од Купот на Африканските нации 2024. Победата синоќа на Камерунците, но и на Намибија им гарантираше учество на завршниот турнир.

Иако останува само уште еден натпревар од квалификацискиот турнир во групата К меѓу Мароко и Либерија, кој беше одложен поради земјотресот, сепак, неговиот резултат нема да влијае на имињата на селекциите кои веќе изборија место за првенството на „црниот континент“.

Брегот на Слоновата Коска, Мароко, Алжир, Јужна Африка, Сенегал, Буркина Фасо, Тунис, Египет, Замбија, Екваторијална Гвинеја, Нигерија, Гвинеја-Бисао, Зеленортските Острови, Мали, Гвинеја, Гана, Ангола, Танзанија, Мозамбик, ДР Конго, Мавританија, Гамбија, Камерун и Намибија ќе патуваат на шампионатот следната година кој ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата коста.

Ждрепката за КАН 2024 е закажана за 12 октомври во Абиџан. Актуелен шампион на Африка е репрезентацијата на Сенегал.

ПретходноИграчите и селекторот на Англија во одбрана на Мегваер: Работите се преувеличуваат, а критиките се страшни
СледноТодорчев е назначен за нов тренер на Вардар Неготино