Спалети ја запиша првата победа на кормилото на Италија: Мора да бидам задоволен

229

Новиот селектор на Италија, Лучијано Спалети ја забележа првата победа на чело на „аѕурите“, откако синоќа во Милано, Италијанците со 2:1 ја совладаа Украина.

„Мораме да бидеме задоволни од играта и настапот вечерва. Не можеме постојано да притискаме и да не дозволиме ниту еден центаршут. На противникот му дадовме само една или две шанси. Тимот играше добар фудбал и добро изгледаше на теренот. Да не бараме премногу бидејќи не е реално. Во второто полувреме Украина одлично се снајде во контра-напад, бидејќи кога ќе ја изгубиш топката на работ од шеснаесетникот, тие веднаш напаѓаат и не им е грижа дали ќе загубат со 2-1 или 3-1. Требаше да постигнеме повеќе голови“, изјави Спалети.

За првиот месец на кормилото на Италија, Спалети вели:

„Првите 20 дена бев под голем притисок поради многу работи што требаше да ги разгледам. Добив сериозна поддршка од федерацијата, што беше многу важно“.

ПретходноВо октомври почнува продажба на билети за Евро 2024, најевтините ќе чинат 30 евра
СледноРБ Лајпциг остана без капитенот за цела групна фаза во Лигата на шампионите