Француски тенисер „удри“ по Пике: Замолчи!

370

Жерар Пике се најде на нов удар на тениската јавност поради промените кои ги направи во Дејвис Купот, чија организација од 2018 година од ИТФ ја превзема неговата компанија Космос.

Пет години подоцна стана јасно дека Космос не направи ништо за напредокот на ова натпреварување, кое според многумина отиде многу чекори назад, барем кога станува збор за посетеноста. Причината за ова е што целиот турнир се игра во еден град. Ваквата одлука многумина ја сметаат за лоша, па тоа го споделија на „Твитер“.

“Благодарам Жерар Пике и ИТФ“, напиша швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка на својот Твитер профил заедно со видеото од празните трибини од мечот меѓу Франција и Швајцарија во Манчестер, а Пике му одговори со бројка од 113.268 гледачи: “Присуство во групната фаза минатата година, можете да го споредите сам, Стен. Ние веќе не го организираме тоа. Прашајте го ИТФ.”

Францускиот тенисер Жулиен Бенето луто реагираше на ваквиот одговор: „Како се осмелуваш да кажеш нешто? Буквално убивте еден од столбовите на тенисот, заедно со ИТФ. Затоа ве молам замолчете“.

ПретходноАдетокумбо ги подучуваше Американците: После ова можеби и мене ќе ме „хејтаат“, но баш ми е гајле!
Следно„Кармата“ ја заврши својата работа: Фернандо Сантос доби „клоца“ од Полска