Адетокумбо ги подучуваше Американците: После ова можеби и мене ќе ме „хејтаат“, но баш ми е гајле!

285

Американскиот спринтер, Ноа Лајлс на СП во атлетика освои три златни медали. Тој се најде во центарот на вниманието не само поради остварениот резултат туку поради тоа што зборуваше за ароганцијата во НБА-лига. На кратко, му сметаше што НБА шампионот се кити со истата титула која тој ја овои на Мундијалот во Будимпешта.

На негова адреса стигнаа бројни критики, од познати НБА ѕвезди, но за првпат во јавноста некој од најсилното светско клупско првенство го одбрани. Јанис Адетокумбо се обиде да ги поучи Американците.

„Толку многу сакав да му дадам поддршка, доби многу критики за она што го кажа, а е очигледно. Ниту во еден друг спорт, тимовите не се китат со епитетот светски прваци. За пример ќе го земам фудбалот, кој е многу попопуларен од НБА-лига. Кога ќе освои Лига на шампиони, не сте светски прваци. На Светско првенство играте против САД и други репрезентации. Ако ги победите сите станувате светски прваци.

Јас тврдат дека постојат тимови кои можат да го совладаат Денвер, кој исто така треба да се почитува. Јас сум НБА првак, ВТБ првак, првак во Евролига или во Грција, Шпанија и Франција. Можеби и мене некој ќе ме прозива по ова што го реков, ама баш ми е гајле. Во целост се сложувам со Лајлс“, рече грчкиот ѕвер. 

ПретходноМанчестер Јунајтед е клубот кој потрошил најмногу за составот кој го има во моментов
СледноФранцуски тенисер „удри“ по Пике: Замолчи!