Јани Атанасов на последните два меча на А репрезентацијата е во стартниот состав и се покажа како правилен потег на селекторот Благоја Милевски. Со играчот за врска во првите единаесет освоивме бод против Италија, и три против Малта, со што во потполност ја завртевме ситуацијата во тековната квалификациска кампања.
Синоќа не беше лесно, а каде има лесно? Атанасов вели дека тимот даде се од себе и дека заслужено се радува на четири бода од два меча.
„Преморени но и презадоволни. Синоќа одигравме како што треба, делувавме компактно како екипа, и на крајот бодовите заслужено се освоени“ – рече меѓудругото Јани Атанасов.